(Фото) Телма го откри местото каде било запалено возилото на монструмите кои ја убија Вања Ѓорчевска

Во атарот на селото Бразда на половина пат кон спортскиот аеродром Стенковец стојат трагите од запалениот автомобил на монструмите кои ја убија четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска, објавува телевизија Телма.

До местото може да се стигне исклучиво по каллив земјен пат кој малкумина го знаат, дури и мештаните од Бразда не ја знаат точната локација.

Камала Харис: Ако некој упадне во мојот дом, ќе биде застрелан
Потпретседателката на САД, Камала Харис во текот на гостувањето кај Опра Винфри изјави дека е подготвена да употреби пиштол доколку натрапник упадне во нејзиниот дом. „Веројатно не …
Орбан: Уште шест дена…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека имајќи ја предвид временската прогноза, зголемената подготвеност во одбраната од поплави ќе мора да остане на сила уште шест дена, …

На локалниот пат кон селото Бразда нема многу сообраќај и на две места има исклучување кое води кон локацијата каде што е оставен и запален автомобилот.

Ова е патот по кој се движат монструмите со „цитроенот“. Во багажникот е врзано и преплашено дете.

Планот веќе им е изјаловен и решени се да ги скријат трагите и повторно да ги окрвават веќе крвавите раце.

Признале, прво ја ликвидираат Вања каде околу 10 часот наутро, ја закопуваат, а потоа го носат возилото за да го запалат.

Според официјалните информации од истрагата, телото на четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска е закопано во близина на опожарениот автомобил, во полињата од атарот на селото Бразда, кон спортскиот аеродром Стенковец.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.