АУТ!!! СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ ПОТВРДИ – нема да се кандидира за втор мандат

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, денес како „бомба“ изјави дека нема намера да се кандидира за втор претседателски мандат.

Тој негативно одговори на новинарско прашање, без да даде дополнително образложение или причини зошто не сака да се вклучи во трката за претседател на државата.

Ужас во Франција: Ги yбил своето семејство — сопругата и двете деца на возраст од една и пет години
Околу 06:00 часот во Мормант, полицаец кој не бил на должност и кој одел на работа, забележал маж вооружен со нож како напаѓа минувач на улицата, соопшти ТВ БФМ. …
Ердоган предлага да се формира сојуз на исламските држави против Изpаел – Тие му порачаа да се засрами
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека исламските земји треба да формираат сојуз против, како што рече, „растечката закана од експанзионизам“ од Израел.Тој го изјави ова откако палестинските …

Стево Пендаровски присуствуваше на „Отворениот форум за антикорупција“ што се одржува денеска во Скопје каде посочи дека борбата против корупцијата е долг процес за кој треба политичка волја и широк општествен и политички консензус.

Инаку во понеделникот на лидерската средба во Собранието беше постигнат договор за претстојните избори следната година. Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24. април, а вториот на 8. мај заедно со редовните парламентарни избори.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.