Исчезнатиот велешанец пронајден мртов, со автомобил излетал од патот

Велешанецот на возраст од 49 години, кого вчера неговиот внук го пријавил во полиција за исчезнат, денес бил пронајден починат на автопатот „Пријателство“.

Како што информираат од СВР Велес, тој излетал со своето возило и од здобиените повреди починал.

Изградба на брза пруга Скопје-Солун со 200 километри на час, вели Николоски
Приоритет број еден за Македонија е изградба на брза пруга Скопје-Солун со 200 километри на час којашто целосно ќе ја промени економијата на Македонија, истакна вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар …
(Видео) Лавров: Се однесуваат како мали деца!
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија не сака да ескалираat тензиите со западните земји, но дека, како што наведе, „политичарите на овие земји се однесуваат како деца“. „Не сакаме …

– Денеска (07.12.2023) во 14.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Пријателство, во правец од Скопје кон Велес, на околу 1.400 метри после исклучок за езеро Младост, било пронајдено излетано возило од патот, форд фокус со велешки регистарски ознаки. Во несреќата, од здобиените повреди починал возачот П.Д.(59) од Велес, за кој на 06.12.2023 неговиот внук пријавил дека се оддалечил од домот. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош-Велес, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Велес. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција – известија од СВР Велес.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.