СДСМ: Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори за средбите со Палевски

Од СДСМ порачуваат Христијан Мицкоски да не молчи за средните со Палевски, туку да излезе пред граѓаните и да одговори, што се договарале.

„Палевски, кој е осомничен за двојното убиство што ја потресе целата македонска јавност, беше близок соработник на режимот на ДПМНЕ и јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица.

Трамп одби нова дебата со Камала: Предоцна е, гласањето веќе почна!
Претседателскиот кандидат од Републиканската партија Доналд Трамп, го одби предлогот за нова телевизиска дебата со својата противничка од Демократската партија Камала Херис. Проблемот со уште една дебата е во тоа што е едноставно, предоцна. …
Уапсен е возачот на српската војска, откако во сообраќајка починаа пет лица
Уапсен е возачот на српската војска кој управуваше со возилото кое денеска усмрти пет лица во близина на Ушќе, на патот помеѓу Краљево и Рашка. Денеска околу 13 часот и 20 минути се случила …

Со радикални ставови, Палевски беше алатка на ДПМНЕ во црна кампања против СДСМ но и против се што означува демократија во Македонија и за подгревање етнички тензии.

Неговата маргинална политичка партија со радикална и проруска ориентација е производ и алатка на политиките на преќутна агресија од страна на ДПМНЕ во изминативе две децении.

Како дел од Бојкотирам заедно со ДПМНЕ и Левица беа против членството во НАТО.

Беа и дел од насилните протести против францускиот предлог и поставуваа гилотина пред Собранието.

Надлежните органи, пред се Јавното обвинителство согласно законот имаат обврска да ги истражат односите на Палевски со сите негови соработници, вклучително и Мицкоски“, велат од СДСМ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.