Евентуално неучество на ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада би било барање алиби за изборен пораз, изјави денеска портпаролот на СДСМ Дарко Каевски.
-Деструктивните политики на ДПМНЕ, блокадите, обидите да се закочи земјата, да се блокира Собранието, ги гледаме со години нананзад. ДПМНЕ друго и не знае, бидејќи нема понуда за граѓаните. Не се нешто ново обиди за создавање криза, зборував и во пресот за нив. Како што досега не усепа така нема ниту овој пат. Нема да најде алиби, Мицкоски го чека двоен пораз на изборите, тој го знае тоа многу добро, изјави Каевски денеска на прес-конференција.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски вчера рече дека партијата ќе разговара дали и со кого ќе биде претставена во преодната влада.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.