Патот до Беровско езеро прооден, се работи на расчистување на патот Берово-Струмица

Патот до Беровско езеро е прооден и исчистен од екипи на Територијалната противпожарна единица од Берово и од ЈП „Македонија пат“, информираа од Општина Берово, откако снежните врнежи ,,парализираа” дел од патните правци во Малешевијата.

Оттаму додаваат дека до туристичката населба Абланица е проооден пола пат, а тим на „Македонија пат„ се уште работи на отстранување на паднатите дрвја на патниот правец Берово-Струмица.

Во Киев вооружен Украинец влегол во продавница и пукал, има ранети
Две лица се ранети откако напаѓач вчера отворил оган во продавница во округот Обухив, Киевска област, јавија украинските медиуми. Напаѓачот е фатен, соопшти Националната полиција. Според украинските власти, инцидентот се случил вчера попладне, кога …
На Русите им експлодира Сармат за време на вежбата? Сателитските снимки ги открија размерите на катастрофата во областа на космодромот
Тешката интерконтинентална балистичка ракета РС-28 Сармат експлодирала според украинскиот портал Правда за време на вежба во областа на космодромот Плесецк во Мирни во областа Архангелск на северозапад од Русија!Правда се повикува на податоците објавени на социјалната …

-Апелираме или поточно препорачуваме возачите да ги одложат предвидените движења на овој патен правец, истакнаа од Општина Берово.

Слична е состојбата и до Беровско Езеро каде, според информациите на локалната самоуправа, патот е чист до ВИП хотелот.

Напоменаа дека дежурни екипи ќе останат на терен до целосно нормализирање на состојбата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.