Забрана за тешки товарни возила на патот Струмица – Берово, расчистен патот Истебањи-Македонска Каменица

Забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Струмица – Берово и натаму останува. Патниот правец Истебањи-Македонска Каменица, пак, е рачистен и сообраќајот се одвива нормално по двете коловозни ленти, соопшти АМСМ.

Разузнавачите алармираат за предавство: Премиерот сака да ја укине АНБ и АР и да постави блиско лице на раководна позиција
Група вработени во Агенцијата за разузнавање (АР) испратија анонимно писмо до медиумите, до неколку странски амбасади и до кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со кое укажуваат дека добиле сознанија дека премиерот …
(Фото) Тешка сообраќајка кај италијанска амбасада: Комбе удри во велосипедист
Пред малку кај италијанска амбасада во центарот на Скопје се случи тешка сообраќајна несреќа. Имено комерцијалист со комбе удри во велосипедист на пешачки премин. Велосипедистот со повреди е пренесен во болница, …

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ потсетуваат дека од 15.11.2023 година во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. 

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.