Кој му се заканувал со ликвидација на премиерот?

Гледаме дека има списоци, мора да се реагира. Лани се носеа гилотини пред Собрание. За мене имате човек којшто со пушка во рака на социјални медиуми се заканува дека ќе ме убие. Сега чекам да видам што се случило со човекот. Тој има име и презиме и е од тука од земјава, но сѐ уште немам никаква информација. Кога тоа ќе помине неказнето, друг ќе види и ќе си каже: еве ова поминува неказнето, рече премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „Студио 10“, во однос на заканите кои политичарите ги добиваат како јавно, така и на социјални мрежи.

Граѓаните им должат на банките речиси четири милијарди евра
Вкупниот долг на македонските граѓани кон банките изнесува 3,9 милијарди евра, покажува последниот извештај на Народна Банка. Според НБРСМ, долгот на населението кон банките во август бил за 0,4 проценти повисок во однос на истиот …
Вандали фрлиле ѓубре и уништиле дел од опремата во Градски Парк
Непознати вандали викендов обиле пункт во кој јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ чува дел од опремата за уредување на зелените површини, при што превртеле и уништиле дел од механизацијата, соопшти јавното претпријатие. Од „Паркови и …

Според претседателот на Владата, премногу зборуваме за надлежностите за другите.

– Постојат закони. Јас имам информација дека тој и тој со пушка на социјални мрежи се заканува на претседател на Влада. Да видиме до каде е случајот – кажа Ковачевски.

Ковачевски додаде дека закани има до жени пратенички, но и до лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Јас ова го зборував на лидерската средба во Собрание, а на истото се жали и лидерот на опозицијата – рече Ковачевски

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.