Мадона летово била во индуцирана кома: Се онесвестив на подот во бањата

Мадона неодамна откри дека летово била во индуцирана кома и дека една жена и го спасила животот. Имено, на еден од нејзините последни настапи во Њујорк, таа им се заблагодари на пријателите и луѓето од нејзината околина и изјави дека ја спасила жена која не ја ни памети.

Објавена е листата на најпосетувани градови во 2024 година: Истанбул повеќе не е на прво место (фото)
Објавена е листата на најпосетувани градови во светот во 2024 година, креирана од Euromonitor International, а оваа година на врвот се најде главниот град на Тајланд, Бангкок.Бангкок имал дури 32,4 …
Татко и син ги затрупала лавина: Загинале на скијање, драматична ситуација на Алпите
Драматична ситуација се случи на австриските Алпи, во Цилертал, кога татко и 22-годишен син трагично ги загубија животите на скијање.Таткото (51) бил на зимски одмор во Австрија со двата сина …

„Има некои многу важни луѓе во оваа соба вечерва кои беа со мене во болница. Има една многу важна жена која ме одвлече во болница, на која не се ни сеќавам. Се онесвестив на подот во бањата и се разбудив во ИЦУ. Зачуван е мојот живот“, изјави пејачката.

Таа потоа откри дека поминала 48 часа во индуцирана кома, а кога се разбудила ги видела своите деца и се пошегувала дека „речиси морала да умре“ за да ги види сите нејзини деца собрани во една соба.

Инаку, Мадона итно била префрлена во болница на крајот на јуни, а нејзиниот менаџер Гај Осеари потоа сподели на Инстаграм дека Мадона развила сериозна бактериска инфекција поради која останала извесно време во болница и била под надзор на лекари. .

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.