Почина Силјан Мицевски, поранешен градоначалник на Битола и почесен конзул на Република Србија во Битола

Почина Силјан Мицевски (78), поранешен градоначалник на Битола и почесен конзул на Република Србија во Битола.

Силјан Мицевски беше прв избран градоначалник на Битола, на непосредни избори што се одржаа во 1996 година, а во 2007 година со Одлука на Владата на Република Србија беше назначен за Почесен Конзул на Република Србија во Битола.

Откриени чет групи на Телеграм каде се разменувале видеа, фотографии и совети за силување на жени
Нова истрага откри постоење на повеќе групи на апликацијата Телеграм, некои со дури 70.000 членови, каде што корисниците отворено разменуваат совети и стратегии за сексуално насилство и напаѓање жени. …
Драма во Бразил! Авионот се урна при слетување! Падна покрај плажа, има мртви! (ВИДЕО)
Тешка авионска несреќа се случи во Бразил кога приватен авион се урна при обид да слета.Според локалните медиуми, во несреќата загинале две лица, меѓу кои и пилотот на леталото, …

Професионалната кариера на Мицевски е втемелена на ГП „Пелистер“-Битола која датира од 1968 година, најголемата љубов и самоодрекувања во животот на Мицевски се врзани за спортот и посебно ракометот каде бил ракометар, прв македонски меѓународен ракометен судија, и поддржувач на РК „Пелистер“, денес РК „Еурофарм Пелистер“.

Силјан Мицевски е добитник на бројни награди и признанија, меѓу кои наградата „4-ти Ноември“ во 1979 година, наградата „Интернационална ѕвезда – златна категорија“ доделена во Париз 2003 г., престижното признание „Личност на Југоисточна Европа“ за 2016 година кое му беше врачено на Универзитетот „Хумболт“ во Берлин, а во 2016 година му беше доделено државното знаме на Република Србија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.