Ќе те убиеме ако не ни дадеш пари: Филмско разбојништво во Велес, две лица во притвор!

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца велешани за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво според член 237 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Откриени чет групи на Телеграм каде се разменувале видеа, фотографии и совети за силување на жени
Нова истрага откри постоење на повеќе групи на апликацијата Телеграм, некои со дури 70.000 членови, каде што корисниците отворено разменуваат совети и стратегии за сексуално насилство и напаѓање жени. Истражувањето, од …
Драма во Бразил! Авионот се урна при слетување! Падна покрај плажа, има мртви! (ВИДЕО)
Тешка авионска несреќа се случи во Бразил кога приватен авион се урна при обид да слета.Според локалните медиуми, во несреќата загинале две лица, меѓу кои и пилотот на леталото, а повредени …

Осомничените, на возраст од 26 и 32 години, на 23 декември наутро, со заштитни маски на лицето, заедно влегле во спортска обложувалница. На вработената на сила од раката и го оттргнале мобилниот телефон и го одзеле. Побарале од неа пари со закана дека ќе ја убијат.

Почнале да пребаруваат низ обложувалницата, па пронашле и одзеле 12 ваучери за исплата од слот машини во вредност од вкупно 13.219 денари, како и сите ситни монети што ги пронашле во фиоките.

По предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Велес определи мерка притвор во траење од 30 дена за двајцата осомничени, ценејќи дека постои опасност од бегство и можност да го повторат делото.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.