Татко од Велес му се заканил на синот дека ќе го убие – итно заврши во притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со ставовите 1 и 2 од Кривичниот законик.

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки
Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ на свеченото отворање на фестивалот додели Почесна „Златна Камера 300“ на Јанаки Манаки. Во 1996 година фестивалот во Битола на Милтон Манаки му додели …
САД ќе донира 60 боди камери на Царинската управа
Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски најави дека цариниците во иднина ќе носат боди камери со кои што се очекува да се намали значително нивото на корупција и ќе се зголеми …

Осомничениот ја загрозил сигурноста на сопствениот син, заканувајќи му се дека ќе го убие и него и целото негово семејство. Синот, кој инаку живеел во Швајцарија, се вратил во велешко село заедно со семејството. Меѓутоа, таткото му забележал затоа што тој и неговиот брат ја примиле да живее во странство мајката, која се пожалила дека трпи насилство во домот. Жената во моментов била кај другиот син во Данска, а осомничениот со закани по живот инсистирал да ја вратат дома.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор.

Судот го прифати предлогот и определи притвор во траење од 8 дена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.