Актерот од филмот „Сам дома“ води тешка битка со ракот: „По 10-часовна операција контактирал со своите фанови“

Актерот од „Сам дома“ Кен Хадсон Кембел (61) им се заблагодарува на пријателите и на јавноста за поддршката во текот на неговата битка со ракот.

„Неверојатно сум трогнат од вашата великодушност и добри желби. Знам дека звучи како клише, но тоа е вистина“, напиша Кембел на Божиќ на својата страница GoFundMe покрај фотографијата на која носи божиќна капа.

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната сесија на пратенички прашања во Собранието рече дека се испитува дали граничниот полицаец кој го пропуштил …
Кина ја гради најголемата хидроцентрала во светот во Тибет
Кина ја одобри изградбата на најголемата хидроцентрала во светот, со што започна амбициозен проект на источниот раб на Тибетската висорамнина, кој може да влијае …

“Благодарам на сите! Благодарам, благодарам, благодарам! Ве сакам сите, среќен Божиќ и со среќа на сите! – KennyC“ го напиша Кен, кој го глумеше Дедо Мраз во култниот филм „Сам дома“.

Тој беше подложен на 10-часовна операција на 7-ми декември, а неговата ќерка ги информираше сите за неговиот напредок на 9-ти декември. Таа, исто така, отвори страница за собирање средства GoFundMe за нејзиниот татко.

„Ракот беше успешно отстранет, а неговата коска беше реконструирана од фибулата и прикачена. И покрај резовите, таа изгледа одлично“, напиша таа.

Целта на Мишелин беше да собере 100.000 долари во донации за да ги покрие медицинските трошоци на нејзиниот татко, вклучително и физикална и говорна терапија, медицинска опрема, забни импланти и старатели.

Меѓу донаторите на страницата беа колегите и пријателите на Кембел – Стив Карел , ѕвездата на серијата „Curb Your Enthusiasm“, Џеф Гарлин , Тим Медоус и ко-креаторот на серијата „The Big Bang Theory“ Бил Пради. Веб-страницата набрзо ја постигна својата финансиска цел. Карел донирал 10.000 долари со порака дека го сака Кен.

„Татко ми се опоравува многу добро“, изјави Михаела за The Post . „Неговите очи се насолзени кога ги чита убавите зборови на своите пријатели и обожаватели. Во овој живот, повеќето луѓе не можат да слушнат колку им значат на некој друг или како нивната работа резонира со луѓето што ја виделе“.

Кембел има глумено во бројни филмови и серии, а е познат по улогите во „Groundhog Day“, „Mike & Molly“, „Gravity Falls“ и „The Practice“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.