Земале до 3.000 евра од тура: Кривична пријава за криумчарење мигранти против шест лица

Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против шест лица за сторено кривично дело „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-в став 2 на територија на Р.Бугарија и Р.Унгарија, соопштија денеска од МВР.

Зеленски: Сакаме да го завршиме конффликтот со Русија во 2025 година
Украина сака да добие безбедносни гаранции од САД и да го прекине конфликтот со Русија во 2025 година, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.„Нашата цел е да добиеме безбедносни …
Инспектор нападнал началник во ОВР Радовиш – доби кривична пријава и суспензија
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење …

Кривична пријава е поднесена против Ц.Н. (23), А.М. (23), И.Б. (20), тројцата од Охрид, како и против А.С. (23), Ф.З. (21), двајцата од Кратово и Б.Д. (25) од Куманово.

Во временски период од август 2021 година до мај 2023 година, со цел стекнување на противправна имотна и материјална корист, сега кривично пријавените, како дел од меѓународна криминална група организирана од лица за кои веќе е поднесена кривична пријава, биле ангажирани во улога на лица кои го вршеле прифаќањето и превезувањето на лицата- илегални мигранти на територија на Р.Бугарија и Р.Унгарија. На кривично пријавените за успешно извршено криумчарење на мигранти им била исплаќана парична надокнада во висина од 1000-3000 евра, во зависност од земјата во која требало да го вршат прифаќањето и превезувањето на илегалните мигранти, се појаснува во соопштението од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.