Северина пееше на новогодишната ноќ во Црна Гора и со една реченица ги збесна Србите

Една од најпознатите балкански музички ѕвезди, Северина, на новогодишната ноќ во Котор настапи пред 30.000 луѓе. Таа ги испеа своите бројни хитови, а на полноќ ја изведе песната „Ivanova Korita“, додека во еден момент од концертот таа и кажа на публиката: „Не ја давајте Црна Гора!“.

На социјалните мрежи околу таа реченица се крена полемика. Србите беа „навредени“, а од друга страна имаше и такви кои ја поддржаа пејачката и не разбраа во што е проблемот со кажаните зборови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.