Се чини дека вашата навика да го завршите денот со чаша црвено вино има повеќе придобивки отколку што мислевте.
Научниците од канадскиот универзитет во Алберта спровеле истражување кое покажало дека една чаша црвено вино може дури и да го замени вежбањето.
- Сончево со мала до умерена локална облачност: максималната температура до 23 степениВремето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува… Read more: Сончево со мала до умерена локална облачност: максималната температура до 23 степени
- Денеска без струја делови од општините Гази Баба, Ѓорче Петров и ЧаирОд ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска планирани прекини во снабдувањето со електрична… Read more: Денеска без струја делови од општините Гази Баба, Ѓорче Петров и Чаир
- Бунт во СДСМ по катастрофата во Брвеница и трагикомичната анализа на Филипче: „Губите со 2.300 гласа разлика, а се однесувате како да сте победиле“Остри критики кон раководството на СДСМ предизвика партиската анализа за изборите во Брвеница,… Read more: Бунт во СДСМ по катастрофата во Брвеница и трагикомичната анализа на Филипче: „Губите со 2.300 гласа разлика, а се однесувате како да сте победиле“
- Трамп ја брани одлуката за Русија: Украина е уништена, губи територија, нема излез на море – нема повеќе мажи, тие се мртви или осакатени!Американскиот претседател Доналд Трамп ја образложи својата одлука во однос на Русија со… Read more: Трамп ја брани одлуката за Русија: Украина е уништена, губи територија, нема излез на море – нема повеќе мажи, тие се мртви или осакатени!
- Зеленски: САД вршат притисок Украина да капитулираУкраинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неодамнешните американски потези изгледаат како обид Киев… Read more: Зеленски: САД вршат притисок Украина да капитулира
Имено, ресвератролот, кој го содржи црвеното вино, позитивно влијае на човечкото тело, особено на зајакнување на кондицијата.
Ресвератролот го активира заштитниот механизам на клетките, ја подобрува работата на срцето и ги зајакнува мускулите. Ако сè уште не сте забележале, ова се истите придобивки што ги добивате од вежбањето.
Според тоа, канадските научници откриле дека една чаша црвено вино може да го замени краткото вежбање.
Што се однесува до слабеењето, научниците од Државниот универзитет во Вашингтон докажале дека ова соединение може дури и да ни помогне да изгубиме тежина.
Имено, ресвератролот помага побрзо да се разградат масните клетки. Освен тоа, една чаша црвено вино непосредно пред спиење го намалува апетитот, па нема да имате потреба од „полноќна ужина“.
Сепак, не ја земајте оваа вест како изговор секоја вечер удобно да седите во фотелја, да пиете вино и да не се движите.
Редовните тренинзи, најмалку три пати неделно по половина час, многу добро ќе влијаат на вашето ментално и физичко здравје. Тоа ќе ви помогне да останете фит, да изгубите тежина и да останете здрави.
Пронајдете не на следниве мрежи:



