Никогаш не сте биле поблиску до ЕУ. Со малку работа може да ги направиме работите подобри. Планот за раст е многу поразличен од претходните понуди на Унијата и вели – „ајде да ја завршиме практичната работа“. Секој од лидерите ја препознава и согледува важноста од напредувањето, но е подготвен и да го преземе политичкиот ризик. Се надевам дека ќе постигнеме промена и дека ќе им понудиме можност на граѓаните во целиот регион, порача денеска помошникот државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Џејмс О’Брајaн во обраќање на лидерскиот состанок посветен на Планот за раст на Западен Балкан што се одржува во Скопје.
- Левица бара Јаневска да им објасни на студентите каков здрав и пристоен оброк можат да купат за 140 денариОткако неколкупати ѝ укажавме на Весна Јаневска дека студентскиот оброк останал закован на 140 денари… Read more: Левица бара Јаневска да им објасни на студентите каков здрав и пристоен оброк можат да купат за 140 денари
- Проданоски: Ниту едно подрачно училиште во Прилеп нема да се затвори и ниту еден наставник нема да остане без работаГрадоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информира дека процесот на оптимизација на образованието во општината… Read more: Проданоски: Ниту едно подрачно училиште во Прилеп нема да се затвори и ниту еден наставник нема да остане без работа
- Како да се справите со грчеви во нозете: Брза масажа ги опушта мускулитеДоколку сте забележале дека често добивате грчеви во нозете, не грижете се, бидејќи овој проблем… Read more: Како да се справите со грчеви во нозете: Брза масажа ги опушта мускулите
- Рано утрово извршено трето вонредно прскање против комарци низ Гази БабаУтрово во 03:00 часот завршија теренските активности за вонредно прскање против комарци на територијата на… Read more: Рано утрово извршено трето вонредно прскање против комарци низ Гази Баба
- Сончево и топло време, попладне локален дождВремето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа… Read more: Сончево и топло време, попладне локален дожд
На прашање за тоа дали со себе носел нон-пејпер, тој го повика Христијан Мицкоски да објави нон-пејпер во кој ќе објасни како ќе ја внесе Македонија во Европската Унија.
-Ми кажаа дека некој ќе ме праша за некаков нон-пејпер. Сакам да останам на она што го кажав кога бев тука во ноември и го повторив денеска. Мислам дека е до граѓаните на Македонија да одлучат како ќе продолжат понатаму. Мислам дека едната партија предложи начин како да се продолжи понатаму и е разбира е критикувана затоа што на некои луѓе им се допаѓа или не тој пат. Мислам дека другата партија ветува дека ќе најде начин како да продолжи напред. И мислам дека е фер граѓаните да побараат таа партија да објави свој нон-пејпе со кој ќе ја објаснат својата визија и тогаш ќе можете да одлучите помеѓу визијата која ја знаете и некакво ветување, вели Обрајан.
„Има понуда на маса. И ако сакате да знаете за некого кој е и како ќе постапува кога ќе биде на власт, видете како ќе реагира на таа понуда. Ако тие велат, на многу јасен начин, еве ја алтернативата и верувам дека таа е прифатлива за другите, тогаш можете да процените дали се во право или не. Ако велат – имам подобра понуда, но нема сега да ви кажам што е, тоа е личност од која не би купиле автомобил. Па, мислам и дека не би требало да гласате за нив, исто така“, изјави претходно помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан во интервју за „360 степени“.
Пронајдете не на следниве мрежи:



