Ова не е забележано од 1992 година? Русија оствари голем успех!

Просечната годишна стапка на невработеност во Русија на крајот на 2023 година изнесуваше 3,2 отсто, со исклучок на периодот по Ковид и е најниска од 1992 година, според прегледот на моменталната состојба во руската економија, подготвен од Министерството. за економски развој на Руската Федерација.

Руската Федерална државна статистичка служба Ростат претходно презентираше извештај за социо-економскиот развој на земјата, во кој исто така беше наведено дека просечната годишна стапка на невработеност во декември 2023 година изнесува 3,2 отсто.

„Според првата проценка на Роштат, растот на БДП на крајот на 2023 година беше 3,6 отсто, што е повеќе од очекуваното. Споредено со нивото од пред две години, бројката е зголемена за 2,3 отсто. Економскиот раст во 2023 година се покажа како највисок во последната деценија, а единствен исклучок е растот по закрепнувањето од Ковид 2021“, се наведува во прегледот, пренесува ТАСС.
Во четвртиот квартал од 2023 година растот на БДП беше 5,1 отсто, а во декември 4,6 отсто.

Според прогнозата на Министерството за економски развој, во 2024 година рускиот БДП ќе порасне за 2,3 отсто, пренесува Танјуг.

Пронајдете не на следниве мрежи: