Бајден бара Конгресот да одопри финансиска помош за Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден го повика Конгресот да одобри финансирање за Украина и рече дека неуспехот да се стори тоа е неприфатливо невнимание.
„Неспособноста на Конгресот да го поддржи Киев, доколку тоа се случи, е како неоправдана негрижа. Тоа е срамота“, рече Бајден на средбата во Белата куќа со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Бајден на реверот од јакната закачи значка со знамињата на САД и Украина.
Горниот дом на американскиот Конгрес во моментов го разгледува предлог-законот за доделување средства од буџетот за помош на сојузниците на САД, вклучително и Украина, за што Бајден побара 60 милијарди долари.

Пронајдете не на следниве мрежи: