Американскиот министер за одбрана повторно е пренесен во болница

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин во неделата беше префрлен во болница во Вашингтон за лекување на „симптоми кои укажуваат на итен проблем со мочниот меур“, изјави портпаролот на Пентагон.

Во писмената изјава, портпаролот Пет Рајдер рече дека Остин продолжува да ги извршува своите должности додека е хоспитализиран.

Седумдесетгодишниот Остин на 22-ри декемнври бил примен во Воедно-медицинскиот центар на „Волтер Рид“ во Мериленд лекување на рак на простата. Тој повторно се врати во болница на 1-ви јануари поради компликации, вклучително и инфекција на уринарниот тракт.

Меѓутоа, за неговата хоспитализација неговите заменици, соработници па диру и апретседателот Џо Бајден биле информирани четири дена подоцна, а Пентагон во меѓувреме не прецизираше зошто министерот е задржан на лекување до 9-ти јануари.

Пред неколку дена беше објавено дека Остин ќе сведочи пред Конгресот на 29-ти февруари во врска со неговиот неуспех да ја открие дијагнозата на рак и последователната хоспитализација.

Пронајдете не на следниве мрежи: