Италијанскиот министер за одбрана е итно хоспитализиран

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето е хоспитализиран во текот на ноќта во Рим поради сомневање за перикардитис, соопшти денеска Министерството.

„Крозето е во многу добра форма и би можел да биде пуштен од болница подоцна во текот на денот, но медицинските прегледи се уште се во тек“, изјави за Ројтерс неименуван претставник на италијанското Министерство за одбрана.

Крозето претрпел силни болки во градите и отишол во итната медицинска помош во болницата „Сан Карло ди Нанси“ во Рим, се додава во соопштението на Министерството, а тој моментално е под лекарски надзор по извршеното коронарно скенирање.

Крозето стана министер во 2022 година, на почетокот на мандатот на италијанската премиерка Џорџа Мелони, и е еден од основачите на нејзината партија.

Пронајдете не на следниве мрежи: