КОГА ОВАА ДЕВОЈКА ЌЕ ГИ ОТВОРИ ОЧИТЕ, ЛУЃЕТО НЕ МОЖАТ ДА СИ ДОЈДАТ ПРИ СЕБЕ: Велат дека е една во МИЛИЈАРДА (ВИДЕО)

Интернетот придонесе светот побрзо од кога било да дознае за најразновидните појави, туѓите искуства, талентите, убавината, необичностите… Нови вести и информации постојано пристигнуваат на секој агол на планетата, дури и на повеќето далечински, а се чини дека денес секој може да дојде до своите пет минути слава, заслужено или не. Неочекувана интернет слава и се случи и на Американката Меган Магс Ричмонд, а сето тоа поради неверојатната боја на нејзините очи .

Оваа млада дама е од Мајами, а стана сензација на TikTok и Instagram благодарение на спонтаната објава на претприемачот и инфлуенсер од Тексас, Рохам Фароки. Случајно ја сретнал пред неколку дена на улица, а нејзините очи му оставиле таков впечаток што ја замолил да ја фотографира.

@megadck Chose your character ♬ MAIN ATTRACTION – EVA

– Нејзините очи се еден во милијарда – напишал

Видеото на кое Мегс му ја покажува прекрасната светло сина боја на нејзините очи и докажува дека тоа не се контактни леќи е прегледано повеќе од 50 милиони пати!

Меган вообичаено се занимава со биомедицински инженеринг, но благодарение на нејзината посебна карактеристика стана популарна на социјалните мрежи , а и на тој начин заработува. Нејзините видеа секогаш достигнуваат милиони прегледи, иако таа обично ги покажува очите или зборува за нив.

Таа откри дека од родителите наследила сини очи – и мајка и и татко и имаат сини очи, иако малку поинаква нијанса од неа. Инаку, нејзиниот татко е половина Британец, а половина Ирец, додека нејзината мајка има германски и шведски гени. Споменатите земји се оние со најголем процент на сини очи во светот, а Европејците се оние кои најчесто се раѓаат со сини очи.

@megadck Replying to @☀️ my mom is gonna kill me for posting this 😂 #parentreveal #genetics ♬ AIME MOI – Speed Up – kobzx2z

Статистиката вели дека само осум до 10 проценти од луѓето во светот имаат сини очи , но јасното светло сина нијанса што ја има Мегс е сепак многу, многу поретка. Самата вели дека има „гоџо“ очи, алудирајќи на ликот Сатору Гоџо од јапонската манга серија кој ја има истата нијанса на очи.

Пронајдете не на следниве мрежи: