СПАСОВСКИ НЕ СМЕТА ДЕКА Е ВИНОВЕН ЗА ХАОСОТ СО ЛИЧНИТЕ ДОКУМЕНТИ: Граѓаните имале можност навреме да ги заменат

Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски ја префрли вината за хаосот со личните докумени на граѓаните, кои како што вели, имале можност навреме да започнат со замена. Тој не смета дека е лично одговорен за хаосот со издавањето на лични документи, пред сè патните исправи.

– Сите аспекти на овозможување се овозможени во тој период. Целиот тој период, и акциски планови и управувачки комитет кој што управувал со целиот процес, сето тоа, како што е предвидено со позитивните законски прописи, така е постапувано. Апсолутно не може никого вие сами да го натерате да ги извади документите во 2021 година, во 2022 година или во 2023 година – изјави Спасовски на Телма.

Според екс министерот за внатрешни работи, биле создадени сите предуслови граѓаните навреме да ги заменат документите.

– Апсолутно, не сакам да фрлам вина на граѓаните. Меѓутоа, секој еден граѓанин имал можност од 1 јули да започне со промената на личните документи. Сите оние кои поднеле барање за замена на документите, тоа треба да си го направат низ системот на министерството – порача Спасовски.

Пронајдете не на следниве мрежи: