четврток, 12 ноември 2026
Најново

Путин ѝ честиташе на руската армија за заземањето на Авдеевка

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Рускиот претседател Владимир Путин и честиташе на руската армија за заземањето на Авдеевка, велејќи дека тоа е важна победа, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Во Кремљ Владимир Путин го слушаше извештајот на министерот за одбрана Сергеј Шојгу за заземањето на Авдеевка. Претседателот им честиташе на нашата армија и на борците за ваквата важна победа“, рече Песков, пренесува РИА.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Шојгу претходно му достави извештај на Путин во кој наведува дека руската армија целосно ја презела контролата над Авдеевка, додавајќи дека операцијата ја извршила воената група „Центар“ под команда на Андреј Мордвичев.

Поврзани вести