четврток, 12 ноември 2026
Најново

Откажувањето од операцијата во Рафа би значело губење на војната, вели Нетанјаху

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Израелската армија мора да ја спроведе својата операција во градот Рафах на југот од Појасот Газа, каде што има 1,4 милиони Палестинци, во спротивно ќе ја „изгуби војната“ против палестинското движење Хамас, изјави вечерва израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Нетанјаху им рече на новинарите во Ерусалим дека израелската армија ќе ја спроведе својата операција во Рафах дури и во случај на договор со Хамас за ослободување на заложниците кои се уште се држат во Појасот Газа.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

И покрај предупредувањата од меѓународната заедница, Нетанјаху неодамна најави голема операција во Рафа за наводно целосно уништување на Хамас, кој е на власт во Појасот Газа.

Израелскиот премиер претходно изјави дека неговата армија ќе дозволи цивилите да ја напуштат зоната на конфликтот, но не објасни каде би можеле да одат Палестинците.

Нетанјаху во меѓувреме е под притисок на израелската јавност која бара што поскоро да се одржат нови избори и да се прекине војната, а еднаш неделно се одржуваат протести пред зградата на Владата.

Поврзани вести