Во Јувентус се откажаа од Скудетото, новата цел е – второ место!

Јуве врза четири натпревари без победа во Серија А, па луѓето од таборот на овој клуб кренаа раце од трката за Скудетото.

Вчера Јувентус повторно киксираше откако одигра само 2-2 на гостувањето кај Верона.

„Не можеме да мислиме дека веќе сме се квалификувале во Лигата на шампионите. Можеме да размислуваме за завршување на сезоната на второ место пред Милан што би било одличен резултат“, вели Алегри.

Слично размислува и Адриен Рабио кој исто така верува дека трката е завршена и сега целта треба да биде второто место.

„Мора да бидеме реали сега, Интер е на својот пат и ние мора да се бориме за да го задржиме второто место. Треба да се соземеме и да ја продолжиме борбата за второто место“, рече Рабио.

Пронајдете не на следниве мрежи: