четврток, 12 ноември 2026
Најново

Хороскоп за вторник, 20 февруари! Доаѓаат пари кај Водолиите, а овој знак особено ќе биде насочен кон љубовта

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Од сите хороскопски знаци, Вагата многу лесно ќе се заљуби.

Еве што очекува секој хороскопски знак :

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

ОВЕН

ЉУБОВ: Ако веќе не сте, дефинитивно ќе запознаете некој кој многу ќе ви се допадне. РАБОТА: Солидна ситуација, особено на финансиски план. Поволно време за купување и продавање на недвижен имот. ЗДРАВЈЕ: Добро.

БИК

ЉУБОВ: Може да ви се допадне некој кој е надвор од вашата лига. РАБОТА: Конечно доживувате позитивни работи и тоа ќе ви го разбуди ентузијазмот. Пофалби, награди или нови можности. ЗДРАВЈЕ: Добро.

БЛИЗНАЦИ

ЉУБОВ: Ќе ви биде тешко психички да се усогласите со другите, бидејќи ќе имате потреба да бидете таинствени. РАБОТА: Ќе имате многу работа, но и многу енергија за работа. ЗДРАВЈЕ: Проблеми со стомакот .

РАК

ЉУБОВ: Ова е време да преземете решителни и практични чекори кои ќе ви обезбедат напредок. РАБОТА: Полоши меѓучовечки односи, проблеми во правни работи. ЗДРАВЈЕ: Солидно.

ЛАВ

ЉУБОВ: Можно е да доживеете нешто несекојдневно. РАБОТА: Презедовте премногу обврски, кои го задушија вашиот вроден ентузијазам, но таа фаза сега минува. ЗДРАВЈЕ: Подобрување.

ДЕВИЦА

ЉУБОВ: Ќе имате можност да поминете време со некој што ќе ви се допадне, но ќе откриете дека оваа личност воопшто не е онаква каква што сте мислеле. РАБОТА: Можни се негативни промени. ЗДРАВЈЕ: Променливо.

ВАГА

ЉУБОВ: Вашата романтична природа ќе ве натера да се заљубите и ништо не можете да направите за да го спречите тоа. РАБОТА: Помал напредок, можеби со помош на пријателите. ЗДРАВЈЕ: Габични инфекции.

СКОРПИЈА

ЉУБОВ: Љубовта полесно ќе ја најдете доколку патувате или контактирате со луѓе кои живеат далеку. РАБОТА: Не позајмувајте пари дури и ако ви се чини дека би било добро. ЗДРАВЈЕ: Послабо.

СТРЕЛЕЦ

ЉУБОВ: Добра комуникација со луѓето околу вас и лесно воспоставување блискост, преку физички контакт. РАБОТА: Проблеми со претпоставените или лоша комуникација со властите. ЗДРАВЈЕ: Солидно.

ЈАРЕЦ

ЉУБОВ: Хармонични врски и среќа. Добра комуникација со личноста која ви се допаѓа. РАБОТА: Многу можности се на повидок, а вашата амбиција ќе одговара на ситуацијата. ЗДРАВЈЕ: Многу добро.

ВОДОЛИЈА

ЉУБОВ: Можен е физички контакт со личност која ви се допаѓа или некој што ве интересира. РАБОТА: Успех во недвижен имот или финансиска добивка. ЗДРАВЈЕ: Чувствителни.

РИБА

ЉУБОВ: Ќе бидете фокусирани на професионалниот живот и не сте особено расположени за љубов . РАБОТА: Ќе преземете дополнителни обврски, поради што ќе се чувствувате преоптоварени. ЗДРАВЈЕ: Влошување.

Поврзани вести