Сашко Коцев се врати на сцената на „Златна бубамара“: Јас извадив пасош со фората „Само да прашам“

По една година пауза, на големо изненадување на бројната публика во салата „Борис Трајковски“, на сцената се појави актерот Сашко Коцев во улога на водител на манифестацијата.

Под мотото „Кој чека ќе дочека, редно е да има ред“, најсаканиот комичар на македонската публика ја искоментира актуелната ситуација со личните документи во државата и на свој начин ги насмеа присутните.

„Јас извадив пасош. Не со врски, туку на фората ‘Само да прашам‘”, се пошегува актерот.

Фото: Robert ATANASOVSK

Пронајдете не на следниве мрежи: