Досега се издадени 1.3 милиони пасоши, до крајот на август целиот процес ќе биде завршен

„Досега се издадени 1.3 милиони пасоши. Со ресурсите со кои располага МВР јас сум оптимист дека до крајот на август може да заврши издавањето на документите. Кога станува збор за личните карти, тука немаме застој, се оди тековно, тие важат на територија на Македонија, исто и за возачките дозволи,“рече дополнителниот заменик-министер на МВР во техничката влада, Митко Бојмацалиев во емисијата „10 минути“ на ТВ21.

Тој посочи дека не се работи за никаков свечен пречек на пратката со ново пристигнатите обрасци како што тоа некој го интерпретираше во јавноста, туку дека тоа е направено од неколку причини, особено бидејќи изминативе денови бевме соочени со лажни вести како „не доаѓаат обрасци“, „толкав број имаме“.

„Тоа беше направено да им покажам на граѓаните дека тоа што го говорам последните денови дека пратката ќе дојде до четврток или петок, во таа бројка, дека тоа што го зборувам е навистина така и дека не се бавам со ситни политички поени на дневна основа или лајк на ФБ. Тоа е една од главните причини, да покажам на македонската јавност дека работиме одговорно и транспарентно. Она што го пишуваме на ФБ и кажуваме денес тука, дека тоа е навистина така,“рече Бојмацалиев.

Во врска со дијаспората Бојмацалиев истакна дека некаде 2019 година се отвори тендер во МВР за набавка на нови базни станици и 25 базни станици биле отстапени на МНР и тие ги распределиле на 25 локации.

Пронајдете не на следниве мрежи: