Пејачката Теодора Џехверовиќ во последно време често влегува во конфликти со колегите.Да потсетиме, таа неодамна упати остри зборови до помладата колешка Ема Радујко. Џехверовиќ изјави дека Ема е нејзин клон и евтина копија, а присутните ги потсети дека Ема пред сè е нејзин обожавател.На мета на оваа позната пејачка сега е контроверзниот рапер Десингерица. Тој не престанува да ја шокира јавноста со своите настапи и однесување, а сега на Инстаграм на многу чуден начин ја задева Теодора. Имено, раперот објави фотографија направен со Фотошоп на која ја дои Теодора Џехверовиќ– Дезингерица е ТАТО. – напиша раперот на своето стори.Сепак, ниту пејачката не му остана должна. Таа на својот Инстаграм им даде можност на следбениците да и’ поставуваат прашања, а едно од нив беше поврзано со ситуацијата со Десингерица.– А што ќе прави кутриот – одговори Теодора.Како ќе се развива оваа нова поп – војна останува да видиме во наредните денови.
Пронајдете не на следниве мрежи:



