Кога Украина ќе добие западни борбени авиони Ф-16, ќе има право да напаѓа легитимни руски воени цели надвор од границите на Украина, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервју за Гласот на Америка.
„Кај различни сојузници, има малку различни политики за ова. Но, генерално… ова е вооружена агресија на Русија против Украина со очигледно кршење на меѓународното право. И според меѓународното право, Украина има право на самоодбрана. Ова исто така вклучува и удирање легитимни воени цели – руски воени цели надвор од Украина. Ова е меѓународно право“, рече Столтенберг.
- АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД СЕДУМТЕ УСЛОВИ НА ИРАН – ТАЈНА ПОСЕТА НА ИРАЧКИОТ ПРЕМИЕР ВО ТЕХЕРАНСоединетите Американски Држави наводно се подготвени да прифатат четири од седумте…
- Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав погледГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изврши увид во работните активности…
- Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот од Абу Даби би можел да отвори нова дипломатска врата за УкраинаРазговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и рускиот претседател Владимир Путин…
- Сметката на компанијата на Јелена Карлеуша блокирана поради долг од околу 7000 евраСметката на компанијата „JK Entertainment“ на пејачката Јелена Карлеуша е блокирана…
- Ова се 10 знаци кои покажуваат дека сте целосно будниЗарем не е очигледно дека почна да се чувствува глобалното будење?!…
Во моментов не е познато кога точно Киев ќе може да гi прими авионите, повтори Столтенберг, бидејќи тоа зависи од сојузниците и одлуките во земјите. Партнерите на Украина се желни да ја пружат оваа помош што е можно поскоро, нагласи генералниот секретар на НАТО.
„Значи, мислам дека треба да ги слушаме воените експерти точно кога ќе бидеме подготвени или кога сојузниците ќе бидат подготвени да започнат со испраќање и испорака на Ф-16. Што порано тоа подобро. Во исто време, тоа треба да биде ефективно оружје со добро обучени пилоти, со добри системи за поддршка на располагање кога ќе го обезбедиме овој механизам на Украина“, изјави генералниот секретар на НАТО.





