четврток, 12 ноември 2026
Најново

Русите градат нов ловец од шеста генерација

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Русија има за цел да развие борбен авион од шестата генерација до 2050 година.Оваа информација ја пренесе руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на научниот директор на Државниот истражувачки институт за воздухопловни системи Евгениј Федосов.„Во моментов размислуваме за концептот на авиони од шестата генерација, спроведуваме истражувања и разменуваме мислења со воени специјалисти“, рече Федосов.Тој понатаму рече дека очекува ловецот да биде развиен до 2050 година, истакнувајќи дека дизајнот во голема мера ќе зависи од „какви ќе бидат вооружените конфликти во иднината“.Федосов нагласи дека борбените авиони стануваат се покомплексни, а со тоа и потешки. Зголемувањето на тежината доведува до зголемување на трошоците.

Поврзани вести