Фејсбук страницата „Слободно Кавадарци“ сподели фотографија од весник од јануари 2002 година кога тогашен „Дневник“ пишува за сопругот на Гордана Силјановска Давкова и неговата поврзаност со задругата „Доне Попов“.
Драги Кавадарчани,
Во период кога директор во земјоделско- сточарската задруга “Доне Попов” е сопругот на Силјановска, се случува страшна трагедија во бачилата.
Околу 1.000 овци и 500 јагниња од германската расата “винтерберг” се оставени да умираат за храна, во периодот додека директор во Доне Попов е Благој Давков.
Самата земјоделска задруга, со целиот свој имот и опрема е приватизирана по багателна цена, односно за само 10.000 евра.
При приватизацијата задругата располагала со:
– 100 хектари современи лозови плантажи
– Најмодерна ергела со стотина расни коњи
– 1.000 говедски грла
– 300 пчелни семејства
– Земјоделска механизација
– Управна зграда со современа овчарска мандра
– Бензиска пумпа и други придружни објектиВо тој период најголемиот дел од затекнатата механизацијата, опрема, имот и производи се распродадени.
Наместо кон обезбедување на храна и дополнително развивање на задругата, сопругот на Силјановска заедно со сопствениците се занимавале со уништување и пљачкање на задругата.
Ова се делата на сопругот на Гордана Силјановска Давкова, која вели дека ќе донесе правда и економија во Македонија.
Од неа нема ниту правда, ниту економија.
Само заштита на криминалот! – пишува во објавата на Фејсбук.