четврток, 12 ноември 2026
Најново

УКРАИНСКA ПВО СОБОРИ РУСКИ СУХОЈ? Потполковник Олешчук се огласи: „Еден бомбардер помалку“ (ФОТО)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Силите на украинското воено воздухопловство соборија уште еден руски ловец-бомбардер Су-34, соопшти командантот на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, генерал-полковник Микола Олешчук.

„Минус уште еден Су-34 во источниот правец“, напиша денеска Олешчук на својот канал „Телеграм“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тој додаде дека вчера воздухопловните сили на Украина се обиделе да го соборат рускиот авион, но дека руските пилоти успеале да ги избегнат украинските ракети.

Сухој Су-34, познат како Фулбек во извештаите на НАТО, служи како примарен руски ловец-бомбардер од предната линија, дизајниран првенствено за прецизни напади врз копнени цели со наведувани бомби со долг дострел или наведувани проектили.

Поврзани вести