Полскиот премиер Доналд Туск денеска апелираше до Европската унија да сфати дека е помоќна од Русија во однос на населението и БДП и конечно да верува дека може да ја гарантира безбедноста на своите членки и соседи.
„Населението на ЕУ е побројно од руското, нашиот БДП е поголем. Европа како целина мора да верува дека е сила која може да ја гарантира својата безбедност и на соседите. Сега е време да се дејствува“, рече Туск по разговорот со норвешкиот премиер Јонас Гар Стјоре во Варшава.
Полскиот и норвешкиот премиер изјавија дека се подготвени да ја зголемат финансиската помош за Украина, а полскиот премиер предупреди дека секојдневието во Полска е хибридна, иако нема класична војна.
Туск рече и дека нема да ги прифати барањата на најрадикалните меѓу полските земјоделци кои ги блокираат границите и патиштата, кои бараат затворање на границата со Украина поради неконтролираниот увоз на земјоделски производи, без ограничувања и царини, што беше воведено од ЕУ во знак на солидарност за да се олесни финансирањето на одбраната на Украина од Русија и секојдневниот живот на Украинците.



