Завршена е антитерористичката операција во градот Карабулак во Ингушетија, руска република на Северен Кавказ, соопшти рускиот национален антитерористички комитет.
Официјалните лица објавија дека за време на операцијата „неутрализирани се шест бандити“ и дека на местото на настанот е пронајдено оружје и муниција. Според првичните информации, елиминираните милитанти биле следбеници на ИСИЛ, пренесе украинска Правда.
Русите тврдат и дека нема загинати или ранети безбедносни сили или цивили. Тие наведуваат дека милитантите имале намера „да извршат терористички злосторства од висок профил“. Додаваат дека еден од милитантите се бара за напад врз полицаец што се случило пролетта минатата година.
При обидот за апсење, милитантите отвориле оган. Жителите од околните згради се евакуирани и сместени во блиската спортска сала. Антитерористичката операција започнала синоќа во 19:30 часот по московско време, а завршила во 10:30 утрово.
🇷🇺⚡️ Die Kämpfe in Inguschetiens Karabulak dauerten teilweise 13 Stunden lang. Auch Frühmorgens (Ortszeits) waren Schüsse zu hören. Der FSB meldet 5 getötete Militante
#Russland pic.twitter.com/Ot1QSbLRBw
— 🔰MilitärNews (@MilitaerNews) March 3, 2024
ТАСС појаснува дека операцијата била спроведена во реонот на четири улици. Главен фокус на операцијата била улицата „Осканова“ во делот на станбените згради, односно стан кој се наоѓал на третиот кат од зграда. Потврдено е дека за време на конфликтот биле користени гранати.
На социјалните мрежи се објавени бројни видеа на кои се гледа жестокиот конфликт. Низ градот со часови одекнувале пукотници и силни експлозии. Ура.ру пишува дека активностите на милитантната група биле координирани од странство.
Ингушетија, најмалиот регион во Русија, се наоѓа помеѓу Северна Осетија и Чеченија. Има околу половина милион жители.
Речиси една деценија до 2017 година, руските безбедносни сили се бореа со вооружениот бунт предводен од голем број исламистички милитантни групи во Ингушетија, како и во Дагестан и Чеченија.