Вработен во туристичка агенција овозможил подигнување на пари со туѓа лична карта

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.К.(56) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Пријавениот, во период од август до ноември 2021, како вработен во туристичка агенција во Гостивар, со прикажување на туѓа лична карта на непознато лице му овозможил во неколку европски држави да подигне парични средства во износ од 5.091 евра.

Пронајдете не на следниве мрежи: