Пендаровски: За прв пат во нашата историја поставив жена за аѓутант

Претседателот Стево Пендаровски   се обрати на Регионалната конференција за род и безбедност – Скопје 2024, во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ОДИХР. Конференција се одржува во пресрет на 8 Март – Меѓународниот ден на жената, бидејќи има за цел да помогне да се вратиме на автентичното разбирање на овој важен ден.

„Иако денешнава конференција е посветена на жените во полицијата која што, пак, е во надлежност на Владата, би сакал на кратко да го споделам и моето искуство во рамките на моите надлежности. Како врховен командант, за прв пат во нашата историја поставив жена за аѓутант. Како претседател настојувам да постои родов баланс како на пониските, така и на повисоките позиции во мојот кабинет. А сето тоа го правам бидејќи на тој начин сакам да придонесам за унапредувањето на родовата еднаквост во Северна Македонија“, истакна претседателот.

Пендаровски прашува „Дали ние воопшто можеме да зборуваме за вистинска човекова безбедност без поголемо учество на жените во безбедносниот сектор? Дали една институција може реално да ги третира сите граѓани како еднакви пред законот доколку во нејзините редови постојат двојни стандарди на штета на жените? Конечно, дали полицијата може да придонесе кон борбата против дискриминацијата во државата ако истовремено ја толерира културата на дискриминација кон жените во своите редови?“

 Тој додаде дека повеќе истражувања и извештаи покажуваат дека жените имаат важна улога во градењето на стабилно и демократско општество. Со поголемо вклучување на жените во полицијата, и тоа на сите нивоа и во сите сектори, центри, оддели и единици, само ќе се подобри функционирањето на институцијата во целина.

Искуствата од најразвиените држави покажуваат дека полициските службенички и припаднички на полициските единици можат многу успешно да разрешуваат ситуации што вклучуваат родово-базирано и семејно насилство каде што жртвите се жени и деца.

„Јас сум првата жена аѓутант на Врховниот командант на вооружените сили и на Претседателот на нашата држава, и ние сме чекор напред во нивно надминување на стереотипите.

Пронајдете не на следниве мрежи: