Четири милиони евра за руини, 24 милиони за празнини


И заборавените градилишта и објектите без фасади чинат пари

„Скопје 2014“ е еден од најскапите проекти спроведени во државата досега, со вкупна цена од над 700 милиони евра. Но, додека најголемиот дел од тие пари беа дадени за декорирање на градот со нови згради и за преоблекување на старите објекти во нови фасади, барем четири милиони евра досега се потрошени за објектите што веќе седум години имаат руиниран изглед, пишува порталот „Призма“.

Град Скопје, Министерството за образование и наука, Министерството за култура и државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) се институциите што повеќе од пет години имаат недоградени или нецелосно реконструирани градби во рацете, за кои сѐ уште не нашле решение, иако продолжиле, барем до одреден момент, да префрлаат пари за нив.

Наспроти нив, пак, има и два завршени објекти што стојат празни, а кои, според сумите наведени во договорите за изградба, вредат 24 милиони евра.

Еден милион само за соголување

Зградата позната како „Пелагонија“ и деловниот објект на ЕСМ се наоѓаат на левата и на десната страна од Триумфалната порта, која, заедно со споменикот Воин на коњ стотина метри подолу, е еден од главните симболи на „Скопје 2014“.

Заедничко за овие објекти им е тоа што двата останаа во руинирана форма, соголени од фасадите што претходно ги имаа, со тргнати скелиња и без никакви конкретни најави кога и како ќе се довршат – со враќање на стариот изглед, со замислениот „барокен“ изглед или со некое трето решение. Поради оваа состојба, деловниот простор „Пелагонија“ не се ни користи, додека тој на ЕСМ функционира со тешкотии.

Целото истражување може да го прочитате тука.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: