Од понеделник инспекторатот ќе изрекува забрани за прием на невакцинирани деца во градинките

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја добил одлуката од министерот за здравство врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести, да изврши вонредни инспекциски надзори и забрани прием на деца во предучилишни установи кои не се имунизирани со дитепер или се нецелосно имунизирани со вакцината.

Вонредните инспекциски надзори ќе започнат во понеделник со издавање на решение за забрана на прием на деца кои не се имунизирани со дитепер или се нецелосно имунизирани со дитепер, и други наложени епидемиски мерки.

Исто така ќе се задолжат одговорните лица во предучилишните установи да изготват список на сите невакцинирани деца со таа вакцина. Да не се примаат деца со други инфективни заболувања, како и за секое зголемено отсуство да биде известен Центарот за јавно здравје Скопје, објаснија од инспекторатот.

Пронајдете не на следниве мрежи: