„Македонско девојче“ изведена од јапонски музичари на голем концерт во Токио

Композицијата „Македонско девојче“ беше дел од големиот концерт во Токио по повод 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Македонија и Јапонија. Композицијата изведена од Камерниот оркестар „Токио Вранец“, основан од оперскиот првенец, пријателот на македонската песна, Казухиро Котецу,  кoj е директор на операта во Токио, а минатата година беше назначен од Wines of Macedonia за  Вранец Амбасадор.

На концертот беа изведени и класични музички дела, како и  обработки на традиционални македонски песни. Со овој настан на уникатен начин беше одбележана долгогодишната соработка помеѓу двете земји.

Минатогодишниот настап на Казухиро Котецу во Битола во рамките на Интерфест, во придружба на Камерниот оркестар беше вистински музички спектакл. Салата беше исполнета до последно место, атмосферата преполна со емоции.

Пронајдете не на следниве мрежи: