Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и предложи притвор за 27-годишник со двојно македонско и австралиско државјанство, за кого постои сомнение дека сторил – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 10 март, на крстосница меѓу улиците „Партизанска“ и „Михајло Андоновски“ во Битола, осомничениот во видно алкохолизирана состојба управувал со автомобил БМВ Х6. Двајца полициски службеници го запреле и се обиделе да го легитимираат, по што осомничениот најпрво започнал да ги навредува, а потоа и физички го нападнал едниот полицаец, удирајќи го по главата и вратот. Полицајците го совладале и го уапсиле.
Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола го прифати предлогот на обвинителот и на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена.
- Голманот на Андора проговори за првпат по смртта на Де Мигел: „Ова се најтешките денови во мојот живот“Голманот на Андора, Хесус Овоно, проговори јавно за прв пат по смртта… Read more: Голманот на Андора проговори за првпат по смртта на Де Мигел: „Ова се најтешките денови во мојот живот“
- (Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени возила низ Полска – расте вниманието поради присуството на странски силиНа социјалните мрежи се појавија информации и снимки за присуство на германски… Read more: (Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени возила низ Полска – расте вниманието поради присуството на странски сили
- Син на египетски имигранти и успешен епидемиолог: Кој е Абдул Ел-Сајед, првиот муслиман избран во Сенатот на САД?Абдул Ел-Сајед (42), демократ кој го победи републиканецот Мајк Роџерс во Мичиген,… Read more: Син на египетски имигранти и успешен епидемиолог: Кој е Абдул Ел-Сајед, првиот муслиман избран во Сенатот на САД?
- Крис Рок за неговиот неуспешен брак: Не бев добар сопруг, гледав многу порнографијаАмериканскиот комичар и актер Крис Рок отворено проговори за својот неуспешен брак… Read more: Крис Рок за неговиот неуспешен брак: Не бев добар сопруг, гледав многу порнографија
- Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни резултати пред членството во ЕУВо рамки на работната посета на Берлин, првиот заменик-претседател на Владата и… Read more: Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни резултати пред членството во ЕУ



