Му ветиле венчавка, а всушност го „олесниле“ за над 6.000 евра – Кривична за двајца измамници!

Маж останал без голема сума на пари и накит откако преку измама му ветиле венчавка.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.С.(68) од с.Нераште, тетовско и Е.А.Н.(39) од с.Слатино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Првопријавениот запознал едно лице со второпријавената, која лажно му се претставила и откако го довела во заблуда дека ќе се венчаат, тој во повеќе наврати ѝ дал 6.300 евра и накит, соопшти полицијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: