(Видео) ПАДОТ НА РУСКИОТ „ИЉУШИН“ СНИМЕН ОДБЛИЗУ: Ниту еден патник не преживеа

Руските власти соопштија дека еден од товарните воени авиони од типот „Илјушин Ил-76“ со 15 луѓе се урнал кратко по полетувањето поради пожар во еден од моторите, објави Ројтерс.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека несреќата се случила во регионот Иваново, а руските портали, според прелиминарните податоци, објавија дека нема преживеани. Агенциите наведуваат дека во авионот имало седум патници и осум членови на екипажот.

Ројтерс објави дека на непотврдените видеоснимки на социјалните мрежи се гледа како авионот паѓа со еден запален мотор. Потоа се гледа како се издигнува темен чад додека над местото на несреќата кружи хеликоптер.

Руската државната агенција ТАСС наведува дека авионот паднал околу 13 часот во областа Иваново, додека бил на рутински лет. Очевидец за ТАСС изјави дека „Илјушин Ил-76“ паднал во близина на селото Богородское. При падот авионот не предизвикал никаква штета на земјата.

Ова е втор „Илјушин Ил-76“ кој падна од почетокот на годината. Украинските вооружени сили соборија еден со 74 патници на 24 јануари, пренесува ТАСС.

Пронајдете не на следниве мрежи: