Берлинското техно додадено на листата на културно наследство на УНЕСКО

Берлинската клуб комисијa која ги поврзува берлинските техно клубови и музичари, го опиша овој потег како „уште една пресвртница за берлинските техно продуценти, уметници, клубови  и организатори на настани“.

„Одлуката ќе ни помогне да обезбедиме клупската култура да биде препознаена како вреден сектор достоен за заштита и поддршка“ изјави Луц Лајхсенринг,член на одборот на Клуб-комисијата.

Повеќе од една деценија имаше кампања за додавање на техно културата и музиката на листата на УНЕСКО, предводена од Rave the Planet, непрофитна организација за поддршка на електронската музичка култура.

„Честитки до сите културни творци кои ја обликуваа и придонесоа за берлинската техно култура“, се вели во соопштението на групата на социјалните мрежи. „Ова е голема пресвртница за целата култура, а нашата радост неможе да се опише “.

Статусот на нематеријално културно наследство почесто им се доделува на традиционални и културни активности. Меѓутоа, неодамнешното признавање на списокот на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на јамајканското реге и огромниот индиски фестивал Кумб Мела, ги поттикна лидерите на техно заедницата во Берлин да се залагаат и нивната сцена да биде вклучена во списокот на УНЕСКО.

Техното е фундаментален дел од градот, според Питер Кирн, диџеј и музички продуцент од Берлин.

Техно сцената е една од шесте нови записи на листата на нематеријално културно наследство во Германија; други вклучуваат овошно вино и планинарење. Парадата во Баварија позната како Kirchseeoner Perchtenlauf, каде присутните се облекуваат како крзнени чудовишта, исто така беше додадена на листата.

Извор: https://www.theguardian.com/world/2024/mar/15/berlins-techno-scene-added-to-unesco-intangible-cultural-heritage-list

Пронајдете не на следниве мрежи: