Нова Алтернатива отвори штав во Битола: Арсовска испрати моќна порака до присутните – ќе победи тивкото мнозинство!

Претседателката на Нова Алтернатива Данела Арсовска, денес го отвори изборниот штаб на Нова Алтернатива во Битола.

Во обраќањето пред присутните, Арсовска истакна дека Нова Алтернатива симболизира нова идеја. Идеја за правичност, идеја за правда, идеја за владеење на правото и бескомпромисна борба со корупцијата.

Овие избори ќе бидат избори на кои ќе победи тивкото мнозинство кое сака нормален живот. На овие избори ќе победи нашата нова идеја која гарантира сигурност и економски просперитет. Ќе победат луѓето на кои им е доста од хаос, безредие, неказнивост, и бесперспективност, истакна Арсовска во своето обраќање пред присутните.

Сигурна сум дека со овој ентузијазам кој го има кај вас, оваа сплотеност околу постулатите на Нова Алтернатива заеднички да работиме на овие избори ќе постигнеме одличен резултат кој ќе ни овозможи имплементација на нашата визија и програма-заклучи Арсовска.

Нова Алтернатива е нова понуда, реална и остварлива, со нови луѓе и нови идеи.

На овие избори ќе бираме помеѓу тридеценискиот статус-кво и нов почеток со Нова Алтернатива!

Пронајдете не на следниве мрежи: