Втор ден претседателски избори во Русија, излезноста е над 55 отсто

За претседателската функција се борат четворица кандидати – Леонид Слуцки, Николај Харитонов, Владислав Даванков и актуелниот претседател Владимир Путин. Според анализите и предвидувањата на европските и американските медиуми и агенции, Путин важи за апсолутен фаворит и се очекува непречено да го добие новиот мандат во Кремљ

Излезноста на претседателските избори во Русија на вториот ден од гласањето надмина 55 отсто, соопштила руската Централната изборна комисија (ЦИК).

Фото: Принтскрин

Како што е наведено на веб-страницата на ЦИК, до 20 и 19 часот по московско време на избирачките места излегле 55,1 отсто од гласачите, пренесуваат руските медиуми.

На изборите во Русија во 2018 година, кога гласањето траело еден ден, излезноста до 10 часот по московско време била 16,55 отсто, до 12 часот 34,72 отсто, а до 17 часот 51,9 отсто, а на крајот излезноста надмине 67 отсто.

Претседателските избори во Русија почнаа во петокот, а гласањето завршува утре.

За претседателската функција се борат четворица кандидати – Леонид Слуцки, Николај Харитонов, Владислав Даванков и актуелниот претседател Владимир Путин.

Според анализите и предвидувањата на европските и американските медиуми и агенции, Путин важи за апсолутен фаворит и се очекува непречено да го добие новиот мандат во Кремљ.

Московските медиуми проценуваат дека бројот на гласачи во Русија е 112 милиони, но таа бројка всушност вклучува 4,5 милиони луѓе во окупираните делови на украинските региони Донецк, Луганск, Запорожје и Херсон. Покрај тоа, два милиони Руси кои живеат во другите земји, исто така, имаат право на глас.

Пронајдете не на следниве мрежи: