Жељко Сармарџиќ: Маја ја затворија дома, не ни даваа да се сакаме дека не сме од иста вера

Жељко Самарџиќ вели дека не му било лесно да ја освои неговата сопруга Маја со која е во брак од 1977 година. Самарџиќ е по потекло од Мостар, од Босна и Херцеговина и токму таму започнала приказната со Маја со која денес има три ќерки, а ја раскажа во „Еден на Еден“.

Првиот дел од разговорот со Жељко со Жаре ќе го гледаме в недела од 18.30 на ТВ Канал 5.

– Маја е од друга вера, и по нашиот прв состанок, нејзините веднаш ја затворија. Ѝ забрануваа да се гледаме следниот викенд. Мајка ѝ ја затвори, а јас се сетив да отидам во зградата до нејзината, се качив на еден балкон и ја видов неа како го чисти нивниот балкон. Ѝ свирнав, само колку да знае дека сум тука, дека сум нејзин, дека ја сакам и дека сум подготвен за таа љубов да летам високо, и до 9.000 метри. Јас ѝ пеев на матурската вечер и потоа дојде да живее со мене. Мојата баба, мајка ѝ на Маја се викаше Сафета. Последните денови ги помина кај нас во Белград, ѝ купив гарсониера близу нас. Не ја двоев од мојата мајка, правев за неа што и да посакаше. Замина на оној свет полна со љубов и внимание. Таа ги одгледа моите деца, а јас кога купив бродче во Котор, му го дадов името „мајкица“, како што неа ја викаа моите деца“, раскажа Самарџиќ.

Дел од оваа приказна, тој раскажува во видеото во продолжние:

Пронајдете не на следниве мрежи: