Папата му честиташе на Владимир Путин

Шефот на Светската унија на стари верници, Леонид Севастијанов, за РИА извести дека папата Франциско му честитал на Владимир Путин за неговиот избор за претседател на Русија.

– Папата му честита на Владимир Путин за неговиот избор за претседател на Руската Федерација – рече Севастијанов и истакна дека папата Франциско го гледа Ватикан како меѓународна платформа која може да замени некои од функциите на ОН.

Владимир Путин води на претседателските избори во Руската Федерација со 87 отсто од гласовите, Николај Харитонов добива 4,6 отсто, Владислав Даванков 4,2 отсто, а Леонид Слуцки 3 отсто од гласовите, покажуваат податоците на анкетата на државниот Серуски центар за Студијата за јавното мислење VTsIOM.

Пронајдете не на следниве мрежи: