четврток, 12 ноември 2026
Најново

Рики Мартин конечно ги покажа децата кои ги доби преку сурогат мајка 

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Порториканскиот пејач Рики Мартин неодамна присуствуваше на премиерата на серијата „Palm Royale“ во која глуми, а друштвото на црвениот тепих, може да се каже, беше, и како, избрано.Рики на големиот настан се појави во придружба на неговите 15-годишни близнаци – Валентин и Матео, кои ги доби преку сурогат мајка во 2008 година.Очекувано нивното присуство го привлече вниманието на медиумите, бидејќи помина извесно време откако семејството беше заедно на јавен настан.По разводот со долгогодишниот партнер Џван Јозеф, Рики нашол утеха во своите близнаци, посочувајќи дека тие се неговата главна потпора во животот.Да потсетиме, Мартин и Јозеф се разведоа минатата година по шест години брак. Поранешните сопружници по тој повод дадоа јавна изјава за медиумите:Решивме да го завршиме нашиот брак со љубов, почит и достоинство за нашите деца и почитувајќи го она што го доживеавме како пар во сите овие прекрасни години. Сега нашата најголема желба е да продолжиме со здрава семејна динамика и врска фокусирана на мир и пријателство за да продолжиме да бидеме заедно ги воспитуваме нашите деца.Сакаме да ја зачуваме почитта и љубовта што ја имаме еден кон друг“, се вели во соопштението.

Поврзани вести